Лога: Без поддршка од ЕУ и САД, ветинг не може да има

Министерот за правда Кренар Лога  започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој во интервју за „Програма 200“ во Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг.

„Со други зборови, на Македонија најмалку и треба поголемо разочарување од тоа што се случи. Ние сме во фаза на контакти и размена на мислења, тоа што го споменав претходно, ќе се бира модалитетот како ќе влеземе во овој процес. Ако немаме директна вклученост на ЕУ, со постојани советници во смисла на инструментот што треба да ни помогне и вклучувањето на САД за да го зголемиме кредибилитетот во овој процес, тогаш верувам дека нема потреба од ветинг. Или ќе влеземе во вистински процес кој ќе го оправда кредибилитетот кон мене и кон министерството и кредибилитетот на јавноста или воопшто не вреди да се започне“, изјави министерот Лога.

08.03.2023 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега