Лукаревска: Да го почекаме вториот круг, сметам дека ќе бидеме фактор на стабилност за формирање на нова Влада

„Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот, а не инаетот.
Изборите не се за нашите интереси и функции туку за доброто на државата“, изјави Сања Лукаревска од СДСМ во вечерашното гостување во Само вистина на Канал 5 ТВ.. 
 
„До кога вие ќе се правите поголеми Македонци од сите нас. Сите сме Македонци.
Сите меѓународни претставници кажаа дека ова е најдобрата преговарачка рамка и дека подобар договор не може да имаме. Ова е нашата последна шанса. Во однос на можно коалицирање со ЗНАМ на Димитриевски: За танго се потребни двајца, да видиме после 8 мај дали делиме исти вредности“, додаде Лукаревска.
25.04.2024 - 21:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега