Мајката и таткото на Данка се во тешка психичка состојба: „Ни пречи медиумскиот интерес додека чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче“

Милош Илиќ, таткото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ, по чие тело се трага, изјави дека тој и мајката на Данка Ивана се во страшно тешка психичка состојба.

– За нас е многу лошо и не можеме да излеземе пред вас и бараме да не разберете, изјави Милош.

Нивните соседи сведочат дека таму живеело младо семејство со деца.

– Нас не нè интересира приказната и ни пречи медиумскиот интерес за нас во овој момент додека чекаме да го најдат телото на нашето мало ангелче кое го убиле чудовишта, рече Милош.

Тој и неговата сопруга не можат да се концентрираат на ништо друго освен на потрагата. Тие се благодарни што медиумите се вклучени во истрагата за да се пронајдат посмртните останки на девојчето. Од друга страна, тие се навредени од изразувањето сомнеж на поединци кај мајката и кај нив како семејство, дека тие се виновни за исчезнувањето на Данка, пријавено пред 13 дена.

 

 

 

07.04.2024 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега