Македонците се уште се вакцинираат во соседството- Во Врање досега вакцинирани 11 540 граѓани со прва и 8 306 со втора доза

 

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11 540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8 306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 11 540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е 6 граѓани.

Бројот на граѓани на Република Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8 306 и 7 државјани на Република Босна и Херцеговина.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 669, додека со втора доза се вакцинирани 27 117 српски државјани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астра/Зенека.

15.07.2021 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега