Македонија лидер во регионот по поскапување на становите

 

Цените на становите уриваат рекорди. Македонија е лидер во регионот по раст на ценатата за метар квадратен. Според анализата на бугарски 24 часа, минатата година недвижнините поскапеле за 20,6 отсто, објави Сител.

Зад нас е Албанија - над 17,5 %,Бугарија под 10, Србија 6,5, Хрватска 3,5 отсто. Цените во центарот на главниот град, Скопје, во моментов достигнуваат од 2,000  до 2,5 илјади евра за квадрат. Поевтини се на периферијата, но и таму квадрат чини над 1,000 евра. Растот е нелогичен, велат од Сојузот на Стопанските Комори. Не го следи порастот на платите, а згора на тоа каматите на кредитите растат, така што интерес за купување имаат само тие што претходно заработиле пари.

- Секогаш ми претставувало нелогичност и според сите анализи кои ги иамме направено заклучуваме дека станува збор за моментален раст, како реакција на шоковите кои ги имавме изминативе години. Но реално условите нема да дозволат ваква дискрепанца помеѓу платите и можноста да се купи стан. Можеби некој кој работел во странство, се враќа и има пари да си купи стан, но со вакви цени, ова е неодржливо за наш стандард, изјави Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на Стопански Комори.

26.03.2024 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега