Макета од Димитров во Собранието: „Слика има, тон нема“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната собраниска комисија постави макета од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Според Милошоски, макетата е вистинската слика за владините министри во Собранието – слика има, тон нема.

-Пратениците од власта денес не прифатија на дневен ред да се стават и да се усвојат следниве заклучоци кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:  Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на "пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите", право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и доЕвропскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција, вели Милошоски.

Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните...

Posted by Antonio Milososki on Thursday, 12 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега