Макрадули: Задача е да се подигне капацитетот на „Пошта“

Она што најмногу фали кај луѓето е пошта има најмала провизија, банките имаат поголема провизија. Повозрасните сакаат да платат во пошта, се надевам дека од 1 март ќе се вратиме во кондицијата што ја имавме, вели генералниот директор на „Македонски пошти“, Јани Макрадули во Студио 10 на ТВ24. 

„Мислам дека задачата е да се подигне капацитетот на компанијата, да воведуваме нови услуги. Да покажеме финансиска стабилноста. Подигнувањето на капацитетот е задача наша која не зависи од продажбата. Ковид периодот причини штети секаде во светот. Има акумулиран минус од 10 милиони евра што се влече со години. Има покрупни услуги кои ги имаме извршено, а останале неплатени со одлука на Собрание. 2,4 милиони евра должат јавни претпријатија, `Пошта` е во загуба само од две одлуки. Собранието ги поништило одлуките. Пошта губи бизни од 400.000 сметки и за Радиодифузна такса“, кажа Макрадули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега