Максим Димитриевски: ДУИ владее со државата

Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, во интервју за „Макфакс“ ја анализира состојбата во државата и што се случува на политички план.

Државата, како што оценува тој, не се менаџира, туку е пуштена во слободен пад. Секој, како што додава Димитриевски, гледа начин како да приграби повеќе и да си го докапитализира личниот капитал и потоа да замине.

„ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години, влегоа со пушка, во Собранието добија поддршка, од законодавната, ја презедоа и извршната власт, па сега на ред се правосудството и Обвинителството“, потенцира тој.

Оценува дека ситуацијата оди во насока на измачување на граѓаните и што побргу треба да се стави крај на тоа.
„Желбата е да се дојде до тотална депресија за да се контролираат гласачите, кои ќе обезбедуваат континуирана власт“.

08.03.2023 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега