Малолетен мигрант пронајден во багажникот од возило во Неготино

 

Кај тунелите на патот Дрмир Капија- Удово бил забележан автомобил со мигранти, по превземени мерки автомобилот бил пронајден на паркинг, а во багажникот бил пронајден 16- годишен мигрант, додека пак останатите меѓу кои и возачот побегнале.

„На 14.07.2020 во 12.30 часот кај тунелите на магистралниот пат Удово – Демир Капија било забележано патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти. По преземени мерки од полициски службеници возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале.

На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци“ соопштуваат од МВР.

Пронајдениот мигрант бил задржан во ПТЦ Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега