Малолетник тешко повреден: Со автомобил излетал од патот кај Прилеп- Македонски Брод

 

Малолетник управувајќи со автомобил, изгубил контрола и излетал од патот кај Прилеп- Македонски Брод, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.

„На 18.06.2020 во 23,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, 16 годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот“ соопштува полицијата.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега