Маричиќ со честитката до МПЦ: Радосен крај на седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го честита признавањето на МПЦ-Охридска архиепископија од страна на Вселенската Патријаршија и се заблагодари на истрајноста, вербата и надежта на ветиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, на свештенството, монаштвото, и верниот народ.

 

„Со денешното исконско признавање од страна на Вселенската Патријаршија, МПЦ - Охридска архиепископија станува неискоренлив дел во евхаристиското општење со својата јерархија, клирот и народот, под пазувите на единството на Православието.

Воедно, со овој историски чин конечно се исправа долгата неправда врз МПЦ - ОА и македонскиот народ. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија става радосен крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

Топло и со радост сакам да се заблагодарам на истрајноста, вербата, надежта и молитвите на ветиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, на свештенството, монаштвото, и верниот народ“- стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ. 

09.05.2022 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега