Маричиќ за Би-Би-Си: Ние сме против руската агресија во Украина

Ние бевме едни од првите што се приклучивме на одлуката на ЕУ бидејќи сме земја кандидат за членство во Унијата и сојузник во НАТО, па не само поради тоа, туку и направивме морален избор да застанеме покрај Украина, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Би-Би-Си.

Маричиќ изрази жалење што Русија одлучи да ги класифицира сите земји како непријателски земји.

-Нашата Влада верува дека наскоро ќе се најде решение за тековната агресија, но ние како држава во многу наврати јасно кажавме дека сме против оваа агресија, и како најнов и најмлад НАТО сојузник, ќе се потпреме на капацитетите на нашите сојузници, како и на нашите капацитети, дека нашиот суверенитет и нашата стабилност и суверен избор да бидеме сојузник на НАТО. НАТО ќе не штити во овие тешки моменти, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека сите земји во регионот, кои се сојузници на НАТО, треба да му оддадат признание на НАТО и на ЕУ, а исто така и на САД и затоа сме, како што рече, сосема сигурни во нашето стопроцентно усогласување со санкциите на ЕУ кон Русија.

29.04.2022 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега