Матичарите ќе продолжат со штрајкот: „Не може да нѐ стават во ист кош со цела администрација“

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска се сретнаа со министерот за правда, Никола Тупанчевски околу покачувањето на платите на вработените во Управата за водење на матични книги. Од таму велат дека за дел од барањата нашле заеднички јазик, но не можеле да се усогласат околу покачувањето на минималната плата.

-Се вадат со некои законски акти. Министерството ги става оваа категорија на вработени кои работат со строго доверливи документи, ги ставаат со цела администрација, со уште 10 илјади вработени. Им предложивме да се издвои категорија и да си биде како посебна. Нивно е како ќе го направат, за да се задоволи барањето – да се усогласи платата. Не можеме сите работници да бидеме во ист кош, кажаа од КСОМ.

Матичарите што протестираа пред Министерството за правда информираа дека штрајкот ќе продолжи и во наредните денови.

-Унапредувањето да се реши пред пензија, тоа го прифатија. Немаме заеднички јазик околу покачувањето на платите, па така штрајкот ќе продолжи. Во текот на утрешниот ден ќе ги видиме тие регулативи преку работната средба со министерството и управата, па ќе видиме до каде ќе одат работите. Не добивме никаква понуда за покачување, само ни рекоа нема законска рамка на тоа што бараме, рече претседателот на синдикатот Тони Милошески.

05.05.2022 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега