Маж тешко повреден- Со автомобил излетал од патот и удрил во ограда на автопат Велес-Скопје

 

Скопјанец изгубил контрола над автомобилот и удрил во оградата на автопат Велес- Скопје, по што завршил во болница.

„На 18.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес-Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда“ стои во соопштение од полицијата.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега