Мечето Теди веќе почна да се смее: Почне лекувањето од анкциозност по ужасите во штипската Зоолошка (ФОТО)

Мечето Теди кое три и пол години живееше во ужасен кафез во штипската Зоолошка градина денеска беше пуштено во резерватот во Белица, Бугарија. Активини за заштита на животното објавија фотографии на кои може да се види дека веќе има подобрување во неговата состојба.

Теди пред една недела од Штип замина за Бугарија каде го лекуваа од анкциозност поради тесниот кафез. Токму неговото живеалиште беше причина за повреди на шепите, а добиваше и тикови.

За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица. После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива. Нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон. Абе како насмеан и среќен е на фоткиве, се расплакав, напиша активистката Тина Мицковска која всушност ја почна и постапката за негово лекување во странство.

За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица После неколку денови во карантин, мечето конечно...

Posted by Tina Mickovska on Wednesday, 11 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега