Меџити: На сите граѓани ќе им поделиме 49 отсто од акциите на Јавните претпријатија во износ од 10.000 евра за секој поединец


Лидерот на Демократското движење и носителот на листата во ИЕ број 1, Изет Меџити од денешната прес-конференција на Коалицијата Вреди порача дека на сите граѓани на Северна Македонија ќе им подели 49 отсто од акциите на Јавните претпријатија во износ од 10.000 евра за секој поединец.

„Денес имаме средба со структурите накоалицијата ВРЕДИ кои се распоредени во 6 избирачки единици, со ограноци и подограноци. Имаме четири партии, односно четириструктури, но го имаме и Движењето Ветевендосје, кое нè поддржува со дух и инспирација, со инструкции нанекорумпираниот премиер Албин Курти, но и на Глаук Коњуфца, кој вчера дојде во Скопје за да не поддржи. Четири партии ги здружија силите. Скендербег велеше „Сојузот ја прави моќта“, а денес овде на плоштадот Скендербег се среќаваме со нашите обединети структури“, вели Меџити.

Како што дополнува, тие ќе победат, а победата ќе го зајакне нивниот сојуз.

„На оние кои ја држеа власта преку поделби им дојде крајот. Нашата победа ќе донесе големи промени за општеството, особено за Албанците во Северна Македонија. Една од економските мерки што ќе се преземат ќе биде враќањето на државните претпријатија во рацете на граѓаните. На сите граѓани во Северна Македонија ќе им се поделат 49 отсто од акциите на државните претпријатија, односно на секој поединец ќе се поделат акции во вредност од 10.000 евра. Овие акции ќе можат да се продаваат на пазарот, ќе донесат нова економска динамика во сите семејства, но ќе овозможат и внесување приватен капитал во овие претпријатија, што носи модернизација и развој. Овие политики, успешно спроведени во многу европски земји, време е да се имплементираат и кај нас. 10.000 евра за секој поединец, и повеќе капитал за претпријатијата и за стопанството, тоа е економијата што ВРЕДИ. Но, за да се реализира сето ова, потребен ни е секој глас, а оваа порака мора да ја распределат сите наши структури. Потребна ни е, првата етапа на 24 април, посветеност на сите. Победата од 24 април ќе ја отвори вратата за победата на 8 мај“ вели Меџити.

18.04.2024 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега