Меѓу починатите од Ковид 19 денеска и трудница од Куманово - бебето ставено во инкубатор

Министерството за здравство денеска соопшти дека се регистрирани четворица починати од Ковид 19 во изминатово деноноќие.

Меѓу нив е и 39-годишна трудница од Куманово, која била заразена, објави Телма.

Пред да и се влоши состојбата бебето било извадено на Клиниката за гинекологија и акушерство со царски рез и било ставено во инкубатор.

Како што дознава Телма, жената била без коморбидитети во седми месец од бременоста. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК. Но резултатите од хемостазата биле лоши, се интервенирало со лекови за корекција на крвта, но и паѓала и сатурацијата па е породена со царски рез. По пораѓајот е прфрлена на инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, но не била вакцинирана.

08.08.2021 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега