Мицевски: Кај нас кризата почна многу порано пред војната во Украина

Две години се случува ова, зборуваме за кризна состојба за енергетиката, но знаете ли колку држави имаат прогласено енергетска состојба. Кај нас кризата почна многу порано, не со војната. Освен Македонија само Молдавија, Косово и Албанија имаат прогласено официјално кризни состојби, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Разговор со редакција на ИРЛ“ при што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ за струјата побара надзорна расправа уште во септември 2020 година.

„Јас сум еден од поборниците што постојано, зборувам, барам интервенции, односно да кажам дека не се работи добро со енергетската криза, односно се касни со мерките и не сум сигурен како власта ќе се справи со самите мерки. ВМРО-ДПМНЕ уште на 18 септември 2020 година, многу пред да настане оваа енергетска криза бараше надзорна расправа од собраниската комисија за финансирање и буџет за поскапувањето на електричната енергија. Ова беше отфрлено и не беше разгледано. На 3 март 2022 година побаравме расправа на комисија за економија за состојбата со покачување на сметките на струјата во стопанството. Тоа беа првите удари, и таа јавна расправа до ден денес не е случена“, нагласи Мицевски.

Тој потенцираше дека кога се зборува за транспарентност и кога се бара иста одговорност мора да се направи разлика, бидејќи одговорноста е кај власта, а граѓаните бараат спас.

„Каде е проблемот, обврска на владата е да ги детектира проблемите. Ние повеќе од 2 години  имаме укажано и побарано надзорна расправа, каде точно детектирани имиња и институции кои имаат обврска да седнат на надзорно столче и да увидиме која обврска ја имаат, да дадат точни информации, и да почнат да се решаваат проблеми. Две години нема таква надзорна расправа“, рече Мицевски.

Мицевски запраша зошто некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, туку бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата. На ова сето треба да одговорат надлежните.  

„Ние многу одамна реагиравме дека Македонија се соочува со проблеми во набавка на регенси. Ние имаме сериозен и друг проблем, хидропотенцијалот во нашава држава во моментов е 23%, ние влегуваме во зима со 23%. Во зима не се влегува без 70% хидропотенцијал на државата. Дополнително, зошто одредени ископи во државата досега не беа подготвени, ископи за јаглен зборувам. Значи прикривката не беше отстранета, одредени наоѓалишта не беа обработени? Треба власта да одговори“, нагласи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој посочи дека во енергетиката не се потребни краткорочни туку долгорочни планирања и мерки за да се постигнат резултатите.  

03.11.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега