Мицкоски: Доаѓа крај на градоначалниците „комшии”

Ова е општината која сум убеден дека на 17-ти октомври ќе биде меѓу првите која ќе ја крене раката  на идниот градоначалник на општина Бутел и идниот градоначалник на градот Скопје, Дарко Костовски и Данела Арсовска. Оваа победа ќе биде круната на нашата борба за промени, за нова надеж и за убав Бутел и победа за нашето Скопје, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Бутел.

-Скопје заслужува промени, Бутел заслужува нов почеток и многу работа за бутелчани. Колку власта е исплашена, колку само им се тресе душата од промените кои доаѓаат ќе видите по нападите кои оркестрирано ги прават и говорот на омраза кој го истураат врз Данела Арсовска. Не знаат кој правец да го фатат, а омразата ги заслепува. Па оној кој себе си се преставува за градоначалник на Скопје, кој камен на камен нема ставено во Скопје, цели 4 години уште не може да ги заврши проектите на неговиот претходник, но затоа пак поседува имот, слично како и неговиот лидер во партијата, а кој може да се мери со блиско источен монарх, истиот тој започна дебата дека Данела не била независен кандидат. А тоа е така зошто  тие од СДСМ не може да сфатат дека ВМРО-ДПМНЕ има доволно демократски капацитет за да препознае и признае квалитет надвор од нашите партиски рамки и затоа ИК и ЦК на партијата одлучи да застане цврсто позади идниот победник и идниот градоначалник на Скопје, а тоа  Данела Арсовска, истакна Мицкоски.

Тој понатаму посочи дека тие што ја имаат киднапирано СДСМ, ја имаат и киднапирано и државата.

-А не може да сфатат зошто како што велат оние кои престануваат да служат на врхушката во СДСМ, признаваат и велат тоа е киднапирана партија. Тие истите што ја имаат киднапирано СДСМ, ја имаат и киднапирано и државата. А бидејќи велат дека тука во ВМРО некој од некого се срамел, тогаш ќе им кажам што е вистински срам. Срамота е, и не само тоа, туку вистинско одлепување од реалноста е да си најбогат градоначалник на градот каде живее најсиромашно население. Срамота е луѓето да не  те знаат по проекти, туку по 4 стана, хациенда и викендица, хациенда во една скопска населба  еднаква колку цела една зграда, а најголемиот дел од народот живее притиснат во домови од по 60 квадрати и така неколку генерации прежвуваат во еден ист стан. Срамота е мистериозно да ти исчезнат 12.5 милиони евра од продажба на нова градска куќа, а градот да го оставиш во трули бараки. Срамота е и да се местат тендери на кои секогаш има само еден понудувач кој најчесто е и победник на тие тендери. Но во исто време и знам дека тоа што е срамота за сите нормални луѓе, за власта не е. Зошто тие луѓе се целосно одлепени од реалноста и немаат врска што значи зборот срам. И толку за нив, рече Мицкоски.

Лидерот на партијата порача дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе води позитивна кампања, зошто на народот му е преку глава да слуша што не чини, зошто сите ние ја живееме реалноста, време да чујат за што се бориме и што е тоа што ние ќе го понудиме и ќе го направиме за граѓаните.

 

31.08.2021 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега