Мицкоски: Ми се гади од изјавата на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека му се гади од изјавата на Заев кој денеска рече дека нема намера да си поднесе оставка бидејќи на негово место ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ.
 „Навистина кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себе си ќе се интерпретира како функцијата тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажно и е жално. Доколку тој човек не чувствува ни малку одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој заминел Мицкоски ќе бил премиер, тогаш навистина освен она чувство на гадење кое сега го имам, не би можел друго ништо да кажам“ – изјави Мицкоски

Премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе си поднесе оставка од морални причини видно изнервиран праша
„Зошто да си поднесам оставка, за Мицкоски да дојде“ – рече Заев.

16.09.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега