Мицкоски на средба со полскиот амбасадор Тицињски

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорот на Полска во земјава, Војциех Тицињски, на која разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на земјата.

Во однос на политичките случувања, претседателот Мицкоски нагласил дека земјата тоне во криминал и корупција, додека граѓаните живеат се посиромашно, соопшти прес-службата на партијата.

-Се случува дуизација, корупцијата цвета како никогаш до сега, а Ковачевски е директно одговорен за сите скандали, и токму затоа државата е оценета негативно по сите параметри, а тоа го потврдуваат и сите меѓународни истражувања. Решението од ваквата ситуација е одржување на предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промена и нова иднина и надеж за сите граѓани, истакна на средбата Мицкоски.

Воедно, уште еднаш беше потврден ставот на партијата, а тоа е дека нашата држава мора да биде дел од големото европското семејство, но без дополнителни уцени и барања од бугарска страна.

 

Соговорниците се согласиле да ја продолжат работата и меѓусебната соработка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 
08.03.2023 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега