Мицкоски најави ново парламентарно мнозинство: Ќе ја делигитимираме власта

Владеачката коалиција е нервозна и се соочува со раскол и проблеми во изборот на кадри за кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е реформирана партија која нуди многу нови кадри за престојните локални избори, изјави за Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ покажува еден широк капацитет нан силно реформирана партија, реформскиот процес завршува веднаш по овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ е партија која обединува и партија која широко го зафаќа политичкиот амбиент во Република Македонија, а со објавената коалиција со Алтернатива и Алијанса продолжуваме да се окрупнуваме – рече Мицкоски.

Тој вели дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја делегитимира владејачката коалиција, а потоа следи ново парламентарно мнозинство, кое ќе ги решава акутните проблеми како криминалот, корупцијата, отсуството на реформи, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните.

– Ниските страсти на преплашената коалиција на власт ги сфаќаме како предизборен фолклор којшто излегува од кујната на СДСМ – истакна Мицкоски.

30.08.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега