Мицкоски: Ништо од ветингот на Заев, истите сваровски судии кои носат трас трас одлуки станаа негови слуги

 

Излажаа и за ветингот на судиите, затоа што го држат на краток ланец сваровски и трас-трас судството за да амнестираат криминал, но тоа нема да ги спаси за криминалите, ќе одговараат до последен, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во објавана Фејсбук потсети дека минатата година главна тема беше најавата за ветинг во судството.

-Јас тогаш реков дека нам пред да ни се случи ветинг во судството, треба да се случи ветинг на политичари, поточно какви и судии да имаме, се додека има некој како Заев кој се јавува по судии и диктира одлуки, ќе имаме криминал кој се амнестира и судии кои се корумпирани. Да ги прочистиме политичарите пред тоа да се направи со судиите. Кога го соопштив тоа, власта ме посипа со лаги дека сум го штител сваровски судството. Гледам пред некој ден министерот за правда рече нема да има ветинг. Значи повторно излажаа. А тоа е така затоа што истите сваровски судии кои носат трас-трас одлуки станаа слуги на Заев и сега не му сметаат. Токму затоа државата ни е најкриминална во Европа, напиша Мицкоски.

Според него, по премената на власта ќе одговараат сите до еден кој направил и заштитил криминал.

-Треба да се стави крај на криминалното мочуриште и на политичарите со тесни врски со судството. Ќе одговараат, рече Мицкоски.

Излажаа и за ветингот на судиите, затоа што го држат на краток ланец сваровски и трас-трас судството за да амнестираат...

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 19 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега