Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за аферата „Мафија“, а над 200 криминалци имаат активни пасоши

Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“, над 200 криминалци сè уште имаат непоништени македонски пасоши, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Кога ја објавив аферата Мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската ‘Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници требаат да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта. Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега