Мицкоски: Само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Божиќ.

– Им го честитам на сите православни хритијани Христоото раѓање – Бижик. Исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашнот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства. Останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија.

Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани коишто не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија и во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на божикната литургија во Соборниот храм во Скопје.

07.01.2022 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега