Мицкоски со честитка за Велигден: Ја разбирам болката и горчината на секој човек
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден на православните верници во државава.
-Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски.
На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста.
Овој Велигден покрај празничната радост не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза. Повеќе од 4.800 наши сограѓани ги загубија своите животи, и над 150.000 се заразија и поминаа низ силни искушенија.
Дали можеше поинаку земјата да се справи со оваа криза?
Примерите околу нашата држава покажуваат дека и тоа како можеше, и поинаку, и многу подобро.
Немаа план, а сиромаштијата расте. Шеесет илјади наши сограѓани останаа без работа, а многу бизниси трпат огромни загуби. Животот е се потежок.
Во овие празнични моменти ова е горчината која го јаде секој еден човек и на секој еден од вас сакам да соопштам дека ви ја разбирам и болката и горчината. Но затоа мораме да ги менуваме работите заедно, пред државата да падне подлабоко во амбисот на неспособноста, криминалот и обезличувањето. Ќе донесеме иднина. Да не дозволиме уште еден Велигден да поминеме во несреќи.
Дали е возможно? Секако дека да. И заедно сме и посилни и поспособни.
Следува македонска пролет и поубави денови. Ќе изгрее сонцето и за Македонија.
Ви посакувам лична среќа, успеси, и убави нешта за Вас и Вашите семејства. Да си помагаме едни со други, така и Бог ќе ни помогне.
Нека е за многу години Велигден!
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!“, наведува Мицкоски во честитката по повод Велигден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа