Мицкоски: Со разбирање, соживот и заемна почит се постигнуваат најголеми успеси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.

Мицкоски во честитката порачува дека со разбирање, соживот и заемна почит се постигнуваат најголеми успеси.

-Нека празничните мигови ви поминат во добро здравје и спокој, а вашите домови нека бидат исполнети со радост и хармонија. Верата, солидарноста и човекољубието нека продолжат да ве водат во овие тешки времиња на предизвици, затоа само така можат да се надминат заедничките проблеми кои сите ние заедно ги делиме и ги живееме. Животот и традицијата на разбирање, соживот и взаемна почит покажале дека сплотени сме ги постигнувале најголемите успеси за нашата татковина Македонија. Благосостојбата на секој еден човек, за секое едно семејство, за целата наша држава е нашата цел, наведува Мицкоски.

Мора да се обединиме, додава, околу принципите кои значат подобра иднина за сите.

-Тоа ќе бара голема посветеност и работа. Доволно долго Македонија е заложник на криминалот и корупцијата на елитите поради која Македонија ја имаме се помалку, а народот ни живее се посиромашно. Тоа мора да го промениме и тоа ќе го направиме заради иднината на сите наши идни поколенија, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.

02.05.2022 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега