Мицкоски: Влада на СДСМ и ДУИ е виновна за одливот на млади и паметни луѓе од Македонија

Во интервју за „Република“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека власта без никакво образложение ги отфрли мерките за млади предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за потоа во изминатите дена, со неколкумина  дефокусирајќи да фингираат некаков си дијалог.

„Шокантно е тоа што за младите мерки кои што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, беа одбиени од страна на владата. Без образложение, онака нон шалантно ги отфрија. Па потоа, се обидоа таму со неколкумина  да дефокусираат во текот на изминативе денови, да фингираат некаков си дијалог и така натаму, со некредибилни преставници на студентите кои се членови или блиски на СДСМ“, рече Мицкоски.

Додаде дека ова дополнително ги подгрева негативните чуства на студентите и дека оваа Влада е виновна зошто се повеќе и повеќе млади и образовани лица ја напуштаат Македонија, иако нивните ветувања дека кога ќе дојдат на власт ќе ги вратан назад.
 
„Тоа дополнително ги подгрева чуствата на студентите во негативана насока и дополнително стимулира нервоза кај нив. Единствен виновник за одливот на млади и паметни е оваа влада. Се сеќаваме кога пред владата редеа чевли, па велеа колку луѓе се иселиле, па дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ги вратат. Напротив, бројот на заминати е неколкукратно зголемен“, објасни Мицкоски.

Во однос на субвенционираниот оброк, Мицкоски истакна дека инфлацијата е 20%, а храната е за 30% поскапена и токму поради тоа тие 120 денари не се доволно, затоа што со тие пари, на ова поскапување, не може да се купи тоа што лани можело да се купи и затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи мерки, меѓу кои и зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк на 160 денари.

„Еве пример за тоа што сега зборам, а тоа е субвенцијата на студенстскиот оброк од 120 на 160 денари бидејќи инфлацијата е 20%, а храната поскепена за 30% на годишно ниво. Како може тие, истото она што лани го купувавме за 120 денари сега да го купуваат, исто така, за 120 денари. Затоа ние велиме, имајќи ги предвид овие параметри, дајте да им помогнеме, за да им дадеме стимул да останат во државата“, истакна Мискоски.
17.11.2022 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега