Мијалков нов жител на Охрид, казната затвор за „Империја“ ќе ја издржува во Струга

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција, ја промени адресата на живеење, пренесува Канал 5 ТВ.

По новите информации, тој е жител на Охрид, потврдиле за телевизијата од скопскиот Кривичен суд.

За промената биле известени од адвокатот на Мијалков, а таа доаѓа пред судот да му даде документ со кој требаше да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството за три години затвор за случајот „Империја“.

Судот, информацијата од адвокатот, ја проверил и со МВР.

20.07.2022 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега