Милановиќ не може да биде кандидат за премиер, одлучи Уставниот суд на Хрватска


„УСУД на седницата на 18 март ја разгледа изјавата на претседателот на државата Милановиќ дека на изборите ќе излезе како независен и непартиски кандидат на листата на СДП. УСУД ги разгледа изјавите дадени на неговата Фејсбук страница дека ќе остане кандидат за премиер без разлика дали ќе се најде на листата на СДП. УСУД е должен да ги предупреди сите органи кои учествуваат во изборниот процес на непосредна одговорност за одлуките што ги носат. Одлуките мора да бидат во согласност со темелните вредности на државата“ изјави претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ, на прес-конференцијата по судската седница.

Тој ги наведе должностите на претседателот на Хрватска.
„Претседателот на државата е непартиско лице и при вршењето на таа должност не смее да учествува во политички активности на ниту една партија, што ја исклучува можноста тој да биде кандидат на листата за избор на претставници или да биде предложен за премиерски кандидат“ додаде претседателот на судот.

Тој додаде дека кандидатурата за претседател на државата и истакнувањето како кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите уставни овластувања и принципот на поделба на власта.

Милановиќ вчера порача дека без оглед каква ќе биде олдуката на судот, тој сепак ќе биде кандидат за премиер.

„Неважно е што мислат, небитно е што мислат во Уставниот суд. Тие можат да донесат каква одлука сакаат, јас ќе бидам во кампања и ќе бидам кандидат за премиер“изјави вчера хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Доколку, врз основа на неговите изјави, претседателот на Републиката додека ја извршува таа функција се кандидира за избори во хрватскиот Сабор или се појави во јавноста како иден кандидат за премиер, мора веднаш да поднесе оставка до претседателот на Уставниот суд, во кој случај должноста на привремен претседател на Републиката, по силата на Уставот, ја презема претседателот на хрватскиот Сабор. Изборите за нов претседател на Републиката мора да се одржат во рок од 60 дена од денот на стапувањето на функцијата привремен претседател на Републиката.

Во случај на оставка на претседателот на Републиката и преземање на должностите на привремен претседател на Републиката, привремениот претседател на Републиката не може истовремено, покрај извршувањето на таа функција, да биде и кандидат за избор во хрватскиот Сабор.

Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат на 17 април.

18.03.2024 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега