Милановиќ: Со изборите во Бугарија ќе ѝ се олесни малку на економски послабиот кандидат Северна Македонија

 Хрватскиот претседател Зоран Миловановиќ  истакна дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата”.

 

„И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“, додаде Милановиќ.

 

Шефот на словенечката држава објасни дека е многу важно, геополитичко прашање проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во спротивно, според неговите претходни ставови, „некои други играчи ќе влезат во тој простор на југозападна Европа”.

Претседателите на Хрватска, Австрија и Словенија – Зоран Милановиќ, Александар Ван дер Белен и Борут Пахор, се состанаа на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија.

15.07.2021 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега