Милошоски: Ковачевски и Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл

 

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, реагираше на статусот на актуелниот министер Бујар Османи и кажа дека тој заедно со премиерот Димитар Ковачевски доживеале дипломатски дебакл.

„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација. Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото. Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, напиша Милошоски.

Османи претходно ѝ се заблагодари на Франција за предлогот, кој морал да биде одбиен.

24.06.2022 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега