Министерството за здравство времено се откажува од задолжителната вакцинација на јавниот сектор и на здравствените работници

Министерството за здравство времено се откажува од мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници и на јавниот сектор.

-Засега нема да се спроведува. Стигнавме до констатација дека отвора многу сериозни прашања во однос на тоа како би се казнил некој којшто нема да прифати да се вакцинира. Од друга страна, тоа е реално голем финансиски терет. Така што ќе видиме како ќе биде опфатот и интересот за вакцинација сега, во следниот период со оваа препорака, мерка за матичните лекари. Спремни сме да носиме и други препораки, рече Филипче.

Вели дека ставовите во Европа генерално ќе се менуваат и некои држави сметаат дека вакцинацијата треба да биде задолжителна.

-Но, сѐ уште очигледно е рано. Потребна е комуникација со граѓаните. Ние гледаме низ призма на здравствениот систем. Ова ни е најпрактичен механизам, а тоа се матичните лекари, рече Филипче.

 

01.12.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега