Мистерија: Се уште не се знае каде се 95 лица по терористичкиот напад во Москва


Конечниот трагичен биланс на терористичкиот напад во концертната сала кај Москва би можел да биде поголем од сегашните 140 мртви откако беше објавено дека околу 95 луѓе и натаму се водат како исчезнати.

Истражниот комитет кажа дека досега се идентификувани 84 жртви, додека Телеграм каналот „База“, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави дека не може да се оствари контакт со 95 поединци кои не се наведени меѓу 120-те имиња во официјалниот регистар на жртви на пукањето во салата „Крокус“.

„Нивните роднини не можат да стапат во контакт со нив од пукањето во петокот, а тие не се листите на загинати и повредени“, објави „База“.

Нејасно е дали 84-те идентификувани тела ги вклучуваат оние кои се наведени во официјалниот регистар.

Многумина од жртвите починале од задушување откако напаѓачите предизвикале пожар, кој зафатил голем дел од салата и довел до уривање на дел од покривот.

„Поради пожарот и уривањето на покривот, некои тела изгледаат непрепознатливо. Во некои случаи се останати само делови од телата“, изјави еден извор.

По нападот, бројни Руси преку социјалните мрежи побараа помош во лоцирањето на нивни блиски.

28.03.2024 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега