Митева: Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, а има за тендери и за криминал

 

Срамно и жално е што Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, а има за тендери и за криминал. Македонија со оваа власт со СДСМ и ДУИ е единствената држава не само во регионот туку и во Европа, во која на народот во прашање му се основните егзистенцијални работи, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за владината одлука за замрзнување на цената на лебот.

Таа истакна дека апсурдна е ситуацијата со СДСМ, нема леб, храната е скапа, а на земјоделците им скапува родот затоа што немаат пласман.

„Државата е вратена 70 години назад како во времето на транзицијата кога немало леб, млеко или други продукти, па се чекало ред или се купувало со бонови“, рече Митева.

Митева нагласи дека со Ковачевски веќе достигнување е ако државата и институциите може да ги извршуваат основните функции, а за повеќе и не станува воопшто збор.

01.03.2023 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега