Митева: Во СДСМ владее колективна амнезија

Второто полугодие за учениците почна без учебници, иако СДСМ ја уверуваа македонската јавност дека книги ќе има, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Лани школската година започна со еден месец задоцнување, и тогаш и сега учебници нема, па стигнаа годинава некакви материјали за учење од 100-на страници. Се израдуваа и на тие малку учебници кои стигнаа, но беа полни со грешки. Таа нивна голема идеја за дигитализација на образованието никако да се реализира. Наскоро ќе дојде и време учениците свидетелства да земаат, а голема е веројатноста тие свидетелства да не ги подигнат, и се уште да немаат учебници. Електронскиот дневник не функционираше, испитите не се одржаа ниту тој за приправниците ниту испитот за директорите. Останаа малите и бедни плати за наставниците, иако власта се обидуваше да купи социјален мир и го убедуваше наставниот кадар дека зголемување на плати ќе има. Се случуваше и штрајк од професорите на универзитетите поради истите причини“, потсети Митева.

Таа праша дали за СДСМ капитални инвестиции значи предметот работа со компјутери да се одвива на лист хартија? Или можеби капитални инвестиции се двете универзитетски згради во кругот на УКИМ кои пропаѓаат? Или студентските домови кои се распаѓаат? Ќе поднесе ли некој одговорност за уште една изгубена година на учениците? Ќе понесе ли некој одговорност за набавката од половина милион евра за печатење на скрипти со еднократна употреба?

Заклучи дека профитирањето на грбот на најмладите, врз учениците и наставниот кадар е најсилниот доказ дека СДСМ се грижи само за сопствена заработка а резултатот е уништено образование.

24.01.2023 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега