Митева: За жал, за криминалот околу јавната набавка за надзор и избор на советник за изградбата на Коридорот 8 и 10Д не слушнавме ниту еден збор од Груби, а ниту пак ЈО

„Веројатно ова деновиве што објавуваме за јавната набавка за надзор и избор на советник за изградбата на Коридорот 8 и 10Д му било стрес на Артан Груби. Оваа зделка има голем број на криминални сомнежи и индиции за кои што не слушнавме ниту еден збор од Артан Груби, којшто практично е како предводник на Комитетот за преговори во однос на оваа инвестиција. А, ниту пак слушнавме и збор од Јавното обвинителство, а ниту пак и од друга институција која што треба да го сузбие овој криминал“истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Митева додаде дека самата процедура е комплексна, испреплетена и добро фасадирана за да од една страна изгледа дека се постапува согласно Законот за јавни набавки. Но, од друга страна кога ќе се погледне малку подлабоко и се истражува тогаш ќе се воочи дека има голем број на индикатори кои што посочуваат на отворање на голем број на прашања, за кои што треба да одговори Владата.

„Јавноста прво треба да ја запознаеме дека станува збор за втора јавна набавка за избор на надзор на Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Првата фирма, односно првиот конзорциум е е од ИГХ Хрватска и фирма која што го има називот „Институт за патишта – Велес“, чиј сопственик е Сотир Ампов. Не случајно го споменувам ова име, затоа што понатаму ќе се надоврзам која е поврзаноста. Зошто овој тендер пропаднал, односно се поништил е од причина што третата фирма во овој конзорциум преку изјава на Артан Груби дадена во медиумите е поради тоа што не успеала да достави банкарска гаранција од причина што била блокирана поради руски капитал. Овој тендер поради овие причини пропаѓа“, појасни Митева.

„Втората постапка се распишува на 15.09.2022 година кога е и распишан Огласот со рок до 17.10. Носители на оваа јавна набавка е ИРД како лидер, „Електра Солушн“ и „Ептиса“, и „Евро консалтинг“, значи тоа се фирмите кои што се конзорциум во оваа втора набавка. Е, сега кои се фирмите? Во 2020-тата година да почнеме од фирмата „Ептиса“, Владата на седница по информација за изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка носи заклучок со кој што им препорачува на државните органи и на Општините кои што склучуваат договори за капитални инвестиции поголеми од еден милион евра да не соработуваат со „Ептиса“ од причина што истата оваа фирма во изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка работела незаконски, неетички и несоодветно. Поради овие три критериуми Владата препорачува да не се соработува со „Ептиса“. И само една година подоцна министерството за транспорт и врски веројатно заборава што препорачала и каков заклучок донела Владата ја надсинхронизира и издава потврда односно лиценца на фирмата „Ептиса“ дека може да врши надзор над објекти кои што се категорија А, односно тука спаѓаат железници, државни патишта итн.“ , рече таа.

Таа посочи дека четири месеци пред министерството за транспорт и врски да ја издаде оваа лиценца односно потврда во Собранието се носи Законот за стратешка помеѓу Бехтал и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10Д.

„Првиод индикатор за сомнеж се се јавила во моментов кога рокот за поднесување на понуди само 7 дена пред да истече. Се носи одлука за продолжување на рокот од осум дена преку измена на тендерска документација. Тендерска документација е измена којашто се состои од 18 страни. Се прави измена на тендерска документација во вкупен број на 18 страни. Вториот индикатор кој што исто така отвора сомнеж е дел од измената на тендерската документација,но овде не станува збор за рокови, туку станува збор за промена на суштински измени. Односно во првата тендерска документација договорниот орган во овој случај ЈП за државни патишта предвидело дек економските оператори кои што ќе се пријават на огласот потребно е да имаат биланс на состојба кој што е потврда од надлежен орган, доколку немаат таков треба да имаат Ревизорски извештаи позитивни за последните три години односно 2019,2020 и 2021 година. Со измената во тендерската документација зботор „позитивни“ се брише и останува само Ревизорски извештаи. Зошто? Затоа што токму „Ептиса“ 2019,2020 и 2021 година е фирма загубар“, заклучи Митева.

07.03.2023 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега