Митрески: Ако го отвориме Уставот, самите правиме дистинкција меѓу бугарскиот и македонскиот народ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека доколку се отвори Уставот, самите правиме дистинкција меѓу бугарскиот и македонскиот народ.

„Најмалку е важно дали ќе ја отвориме во Собранието постапката за отворање на Уставот. Во овој случај поважно е гледање на фактите во очи, што значи внесување на Бугарите во Уставот. Јас неколку пати сум кажал, и на собраниска седница дека треба да бидеме сериозни и свесни дека не си го побиваме македонскиот идентитет. Внесувањето на Уставот ќе значи разделба на народи. Со внесувањето на Уставот сами правиме дистинкција“, вели Митрески.

 

01.03.2023 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега