Митрополит г. Петар: Човекот е создаден да живее во вечна вистина, во вечна правда, во вечна љубов

Човекот е создаден да живее во вечна вистина, во вечна правда, во вечна љубов…Се радува земјата, се радува и небесата. Целата твар се радува. Не постои, мили наши, поголема радост од Воскресенската. Ние се радуваме, затоа што со Воскресението, ни се отвори патот во вечниот живот. Нашата воскресна пасхална радост, е радост поради преобразбата на целиот наш живот, во непропадлив живот, поради нашите мечти кон бесмртно добро, кон непропадлива убавина, истакна митрополитот г. Петар пред верниците во Преспанско-пелагониската епархија.

Во традиционалното Велигденско послание, оваа година митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар посочи дека духовните вредности кај современиот човек, се наполно запоставени, затоа што во овој век на обезличениот човек, во ова потрошувачко и тотално материјалистичко општество, духовните вредности, од страна на современиот човек, се непрепознатливи и неприфатливи. Тоа е така, рече тој, бидејќи основата, темелот врз кои се градат овие духовни вредности е загубен.

Нема поголема радост во Христа Воскреснатиот од пасхалната – воскресенската радост, рече  митрополитот г. Петар пред верниците во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега