Митрополит г. Петар: Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен и ќе му посака секакво добро

Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен, па поттикнат од љубов, ќе му посака секакво добро, истакна во својата Божикна порака, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Митрополитот г.Петар нагласува дека Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го подигне паднатиот, ќе му подаде рака на стариот и немоќниот, ќе му пружи утеха и лек на болниот.

-Христос се раѓа во оној, кој поколебаниот ќе го охрабри и со осамениот збор-два ќе размени. Христос се раѓа во оној, кој ја гледа добрината во децата, полетот во младите и грижата на родителите и старите. Христос се раѓа во оној, кој денес скараните ќе ги измири, навредените и натажените ќе ги утеши, а на невоздржаните и исполнетите со омраза, ќе им прости, посочи митрополитот г. Петар.

Тој додаде и дека Христос се раѓа во секој од нас, кој работи и мисли на должностите, на задачите, на работата, на обврските; кој сето ова го чувствува како повик од Бога, а притоа заборава на својата користољубивост, заработка и интерес.

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски утре во утринските часови ќе богослужи во Храмот „Св.Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Божик. 

06.01.2022 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега