Мизрахи: Апсење на Николовски е доказ дека власта сака да ги замолчи неистомислениците

„На страна од моето мислење како се носат законите во оваа држава и колку закони се донесени и како истите се имплементираат, се почитуваат, дали селективно се почитуваат или не, мислам дека тоа е посебна тема за дискусија. Овој случај според она што дознаваме нели од медиумите е дека лицето е лишено од слобода во 5:30 напладне, за во 9:30 да има претрес на неговиот дом што значи дека обвинителството било вклучено. Меѓутоа дали станува збор бидејќи во тој меѓу период од 5:30 до 9:30 по социјалните медиуми се прошири информацијата дека ете најден е виновникот за мејловите, за заканите итн. Па така треба да повнимаваме дали станува всушност збор за злоупотреба на институционалната моќ против некој ете кој што бил гласноговорник преку одреден медиум Конзерватив.мк или како и да се вика, медиумот кој што ги критикува институциите, власта, па се користи овој механизам нели за предизвикување на еден вид на молк“, истакна Рашела Мизрахи, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи го вчерашното апсење на Никола Николовски.

Мизрахи додаде дека власта апсењето го користи како алатка за замолчување на гласноговорниците и неистомислениците.

„Ние се наоѓаме во држава во која што граѓаните немаат доверба кон општествените институции односно државните институции, нарушен е општествениот договор и заради тоа граѓанството буквално се брани од институциите како резултат на таа недоверба“, појасни таа. 

Пратеничката посочи дека довербата сама по себе не може да биде наметната.

„Не може власта да ви нареди да и се верува. Довербата кон власта се стекнува или се губи. Значи сомнежот стои дека како резултат на контроверзните ставови или пак критичната настроеност на одреден сајт во кој што Николовски имал влијание, имаме злоупотреба на институционална моќ, власта ги користи своите механизми за замолчување“, рече Мизрахи.

03.11.2022 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега