Младите починати пациенти најчесто немаат други здравствени состојби - починале само од коронавирус

И покрај тоа што луѓето кои имаат хорнични заболувања како што се дијабетес, бубрежно болните, особено оние кои се на дијализа, луѓето со кардиоваскуларни заболувања, оние кои претпеле мозочни удари, претставуваат најризичната група на пациенти од корона вирусот, сепак, според податоците од лекарите, во нашата земја починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени состојби, објави Фактор.

И последниот случај, смртта на 40-годишниот ресенчанец, Илче Котевски, ги остави во шок и самите лекари, вработени во ГОБ „8 Септември“.

-Се сомневаме дека смртта кај него настапила како последица од пнеумоторакс. Тоа е воздух во белите дробови од скината алвеола. Котевски немаше други хронични заболувања. Дојде во ГОБ „8 Септември“ со тешка пневмонија што е директна последица од Ковид-19. Белите дробови практично му беа распарчени. Вирусот е толку многу инванзивен што го уништува и мозокот, и срцето, бубрезите, ги уништува сите органи во човековиот организам...И пред неколку дена 37-годишната пациентка од Тетово исто така немаше други заболувања. Уште еднаш апелираме да не се дозволи болеста толку многу да се развие, односно заразените не смеат да се кријат и да се лекуваат сами дома, вели д-р. Драган Клопчевски, специјалист интернист, во моментов распределен во „8 Септември“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега