МНР го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град, се вели во соопштението на МНР.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската унија. 

30.08.2021 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега