МВР демантира дека безбедносниот систем е загрозен: „Класична дезинформација без основа“

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од Александар Николовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 дека наводно е загрозен безбедносниот систем на МВР.
Станува збор за класична дезинформација без никаква основа, велат во реакцијата на МВР.

„МВР има склучено договор за јавна набавка на персонални компјутери со најповолниот понудувач Друштво за производство, трговија и услуги Инфинити енерџи, ИТ Солушнс енд сервицес ДОО Скопје, по спроведената електронска аукција. Договорот е склучен на 18.01.2022 и избраниот понудувач има рок на достава на стоките до 18.04.2022. При евалуација на избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки.

Сите услови и спецификации кои се побарани  во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба“, се вели во нивниот демант.

 

03.03.2022 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега