МВР: Не е констатирана кражба на струја, ниту се лоцирани компјутери за копање на криптовалути

МВР ниту констатирала кражба на струја, ниту пронашла компјутери за копање криптовалути во Градскиот трговски центар.

Како што соопштуваат оттаму,пријавата стигнала денеска во 14:45 од извесен А.М. кој пријавил дека во магацините имало поставено машиниодносно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути, извесни лица извршиле кражба на електрична енергија, со цел да го опслужат неопходниот капацитет на нивните компјутерски машини неопходни за трговија со крипто валути.

-Полициски службеници веднаш излегоа на  лице место согласно пријавата, извршија разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдија дека за броилата, кои се во приватна сопственост , не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик. Во август 2021година  по претходно добиен оперативен податок за истото кривично дело "кражба на електрична  енергија", исто така  е постапувано од страна на полицијата на истата локација и не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути.Имено, копањето на крипто валути не претставува кривично дело предвидено во кривичниот законик на РСМ, велат од МВР.

Сепак, дел од медиумите шпекулираат дека магациниот бил во сопственост на син на поранешен пратеник во Собранието. Објавено е и видео од магацинот каде се гледаат машини кои наводно било користени за копање криптовалути.

16.11.2021 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега