МЗ ќе обезбеди ПЦР тестови и можност за вакцинација за бегалците од Авганистан

На Меѓународниот Аеродром Скопје вечерва ќе пристигне првата група граѓани од Авганистан.

Како што соопштија од Владата, се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Бегалците на аеродромот ќе бидат прифатени од Црвениот Крст, МНР, МВР, Министерството за здравство.

Првиот контакт бегалците ќе го имаат со Црвениот крст.

Како што брифираат од Владата, сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска и средство за дезинфекција.

Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тестови и можност за вакцина, а МВР ќе ги спроведе безбедносните мерки.

„Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демократијата во Авганистан“, соопштија од Владата.

30.08.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега