МЗ: Само 10% од хоспитализираните се вакцинирани со две дози

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти, а само околу 10 отсто од нив се вакцинирани со две дози вакцини и тие се со полесна клиничка слика, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход.

Интересот за вакцинација значително е зголемен во последните денови и, според податоците од Министерството, вчера се вакцинирале вкупно 18.877 граѓани, од кои 12.049 примиле прва доза.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден, вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани.

17.08.2021 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега