МЗ со СМС пораки ги мотивира граѓаните да примат вакцини против Ковид-19

Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза).  

 

Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку МојТермин, информираат од Министерството за здравство. 

 

-Апел до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19. 

 

Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес, дополнуваат надлежните. 

 

07.03.2022 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега