МЖ инфраструктура должи 16 милиони евра а се пие виски старо 12 години

МЖ инфраструктура, претпријатие во сопственост на државата планира да набави виски и тоа не обично, туку 12 години старо. Во огласот кој може да се најде на Бирото за јавни набавки овој загубар решил да набави пијалоци и други производи за бифето за кои граѓаните ќе треба да платат 11.400 евра плус ДДВ за период од 1 година или, во ова бифе планот е да се пие по нешто помалку од 1000 евра месечно. Најмногу пари се планира да се потрошат за пијалоци, околу 10.000 евра.
На менито покрај 5 литри виски старо 12 години ќе има и 10 литри обично виски но и 1 шише ликер кој мора да биде од кокос.
Во пан е да се набават и вина но и сокови и тоа без шеќер и конзерванси.
А виски како виски не оди без апетисани па МЖ инфраструктура набавуваат и лешници, бадеми и фстаци но и чоколадни бомбони за кои ќе платиме околу 1200 евра плус ДДВ. Планот е да се набават 10 килограми бадеми и лешници, 20 килограми фстаци и 8 килограми индиски ореви.
Само за еспресо оваа фирма, ден од најголемите должници во Македонија планира да потроши над 1600 евра за една година.
ЈП Македонски Железници – Инфраструктура, според последните податоци е заглавено во долгови тешки над 16 милиони евра. Директорот Хари Локвенец во изјава за медиумите неодамна рече дека долговите се генерираат поради високата амортизација која мора да ја издвојува МЖ Инфраструктура, заради големиот обем на основни средства што ги има компанијата.


28.09.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега