На „Криволак“ средба на министерката Петровска со генералот Хилберт, командант на 7-та команда за обука на Армијата на САД: Полигонот нуди одлични услови за вежбање

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во „Криволак“ имаше средба со американскиот бригаден генерал Џозеф Хилберт, командант на 7-та команда за обука на армијата на САД, на која стана збор за можностите за обука и развојот на овој армиски полигон.

 

„’Криволак’ е уникатен, единствен капацитет од овој тип во регионот, кој нуди исклучително реални услови за извежбување, а пример за тоа е вежбата ‘Swift Response’ која е воздухопловна вежба која за прв пат се реализира на овој полигон“, рече министерката Петровска. Додаде дека развојот на овој полигон е високо на агендата на Министерството како еден од најважните приоритети и затоа инвестирањето во неговиот развој ќе продолжи и во иднина.

 

Генералот Хилберт, кој има екстензивно искуство поврзано со армиски полигони низ Европа, порача дека е импресиониран од она што може да се види на „Криволак“ и во однос на големината на полигонот и во однос на можностите кои ги нуди и потенцијалот кој го поседува.

 

Во моментов на овој полигон се реализира досега најголемата вежба на која е домаќин Северна Македонија, „Swift Response 22“, која вклучува 4.600 војници од 8 сојузнички армии.

06.05.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега